УСС УКИМ креираше мапа со сите важни локации за студентите во Скопје

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) креираше студентска мапа за УКИМци на која се назначени сите важни локации за студентите во Скопје.

Мапата е достапна преку линк што води до Гугл мапс и кон неа може да се пристапи преку овој линк.

„Дополнително, ви ја испраќаме и оваа мапа во PDF формат. Истата можете да ја зачувате на своите електронски уреди за вашите идни потреби. Се надеваме дека со ова ќе ве предизвикаме и повеќе да го истражувате нашето студентско Скопје!“, велат од УСС УКИМ.