Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) информира дека поднесе иницијатива за законска измена на мерката субвенциониран студентски оброк.
„Имено со оваа измена средствата нема да бидат ограничени на дневна основа, туку средствата ќе може да се искористат до крајот на седмицата. Со оваа измена ќе се озможи користење на мерката на неделна основа“, велат од студентската организација. Оттаму ги повикуваат пратениците да ја поддржат нивната иницијатива.
View this post on Instagram