Уставниот суд денеска го поништи Законот за данок за солидарност, кој беше воведен како мерка за справување со економските последици од кризата во 2023 година. Солидарниот данок го плаќаа компаниите кои во 2022 година имале вкупен приход поголем од 615 милиони денари.
Сега, државата ќе треба да им врати околу 49.2 милиони евра на 156 компании кои биле опфатени со законот, односно со оваа еднократна, вонредна давачка.
Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот закон на 20 ноември лани. Во предметот беа споени неколку иницијативи за оценување на уставноста на законот.