Утре (петок) поради државниот празник Св.Кирил и Методиј, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП-Скопје.
Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.