Утре (10 септември) почнува 11. фестивал на комедијата „Гола месечина“ во паркот Авионче, Општина Аеродром. Настанот ќе се отвори со стендап настап на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски.
На 11.септември ќе настапи „Импров група“ со актерите Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Григор Јовановски и Дамјан Цветановски, чиј водител ќе биде Борјан Стојков.
На 12 септември ќе настапат комичарите Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитриевски од „Кабаре кабает“.
На 13 септември стендап настап ќе имаат Бојан Велевски и Бојан Кирковски, а на 14 септември фестивалот ќе го затворат Мишо Бабиќ од Србија и Марјан Ѓорѓиевски