Утре (30 март) ќе се отвори „Бејкер Стрит“, нова кафе и книжарница во Скопје.
„Ве покануваме сите да не посетите и да ја збогатите нашата веселба со која ќе го одбележиме остварувањето на нашиот долгогодишен сон – Кафе & Книжарница за сите љубители на криминалистичката фикција. Да го направиме 30 март ден кога ќе го прославуваме убавиот пишан збор. На тој ден, секако нема да ги заборавиме и нашите најмали, бидејќи љубовта кон книгата се развива уште од најмала возраст. Донесете ги со вас и вашите дечиња и внучиња да ја почуствуваат магијата на приказните која потоа ќе ги следи низ целиот живот“, се вели во најавата.
Настанот е од отворен тип и ќе трае од 11 до 16 часот.
Адресата е ул. Анкарска 31, локал 10.