Првото издание на музичкиот фестивал во природа „Egnatia escape“, во организација на „Охо продукција“ започнува утре (12 август) со настап на џез квинтетот „Летечки пекинезери“ во дворот на црквата Свети Димитрија во село Магарево.
Фестивалот на музика и храна ќе се одржува три дена на различни локации во пелистерските села Дихово, Трново и Цапари.
Утре, покрај „Летечки пекинезери“ ќе настапат и Дина Јашари и другари и „Berryqyat“, а во сабота во селото Трново ќе настапат Исмаил Лумановски и „Љубојна“ со Панајотис Андреу од Грција и „B. Boy“.
Исто така во сабота (13 август) ќе се организира работилница за берење и приготвување печурки – „Магичниот свет на печурките“ со Фунги Игнатиа.
Фестивалот ќе заврши со работилница за печење и приготвување леб што ќе се одржи во селото Цапари, а потоа ќе следи настап на бендот „Пијан славеј“ и настап на „Bad Juju“.