Во израелски напад утрово, 25 октомври, загинаа најмалку тројца новинари, а неколкумина беа ранети додека спиеја во гостински куќи што ги користат медиумите во Хасбаја, јужен Либан, објави либанското Министерство за здравство и локалните медиуми, а пренесува Ројтерс. Истрагите на Комитетот за заштита на новинари покажале дека дека најмалку 128 медиумски работници биле убиени од почетокот на војната во Газа, што го прави најсмртоносниот период за новинарите откако Комитетот почна да собира податоци во 1992 година.
Убиени се камерманот Гасан Наџар и инженерот Мохамед Реда од проиранскиот медиум Ал-Мајадин и камерманот Висам Касем, кој работел за Ал-Манар на Хезболах, се вели во одделни соопштенија.
Овие напади го направија денешниот ден најсмртоносен за медиумите во оваа една година на непријателства меѓу израелската војна и либанската милиција Хезболах.
Засега нема коментар од Израел, кој генерално негира дека намерно напаѓал новинари.
Петмина новинари беа убиени во претходните израелски напади во Либан за време на конфликтот, вклучувајќи го и визуелниот новинар на Ројтерс, Исам Абдалах.
Хасбаја е град населен и со муслимани и со христијани. Имаше напади на неговото предградие во последните недели, но денеска, околу 3 часот наутро, беше првиот во самиот град.
„Ова е воено злосторство“, рече либанскиот министер за информации Зиад Макари.
Најмалку 18 новинари од шест медиуми, вклучително и Скај Њуз, Ал Џезира и либански радиодифузери, престојуваа во куќите.
„Слушнавме како авионот лета многу ниско – тоа е она што не разбуди – и потоа ги слушнавме двата проектили“, изјави Мухамед Фархат, репортер на либанскиот медиум Ал-Џадид.
Тој рече дека се оштетени неколку бунгалови. На неговата снимка се гледаат превртени и оштетени автомобили, некои со ознака „Прес“.
„Од таму известувавме околу еден месец без ништо да се случи. Не знам ни како излегов од под урнатините“, рече Фархат.
Еден ден претходно, Израел нападна канцеларија што ја користеше Ал-Мајадин во јужните предградија на Бејрут. Либанското Министерство за здравство соопшти дека едно лице е убиено, а пет други, меѓу кои и едно дете, се ранети.
Властите во Бејрут соопштија дека израелската воена кампања убила повеќе од 2.500 луѓе и раселела повеќе од 1,2 милиони луѓе, создавајќи хуманитарна криза.
Во четвртокот, во израелски напад загинаа тројца либански војници додека се обидуваа да ги евакуираат ранетите луѓе од пограничното село Јатер, соопшти либанската армија. Нема коментар од израелската војска.
САД рекоа дека Израел треба да преземе чекори за да избегне цивилни жртви и да не ги загрозува мировниците на ОН или трупите на либанската армија во своите напади во Газа и Либан.
Израел, кој беше критикуван за гранатирање на болници и училишта, рече дека цели токму на милитантите на Хамас и Хезболах, обвинувајќи ги дека користат цивили како штит.
Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека неговите прелиминарни истраги од 24 октомври покажале дека најмалку 128 медиумски работници биле убиени од почетокот на војната во Газа, што го прави најсмртоносниот период за новинарите откако Комитетот почна да собира податоци во 1992 година.
Од нив, 123 биле Палестинци, двајца Израелци и тројца Либанци.
Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати рече дека товарот е на Израел.
„Бурата на која моментално сме сведоци носи семе на целосно уништување, не само за нашата земја, туку и за сите човечки вредности“, рече тој.
Хезболах започна напади против Израел еден ден по нападот на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври 2023 година врз јужен Израел, во кој загинаа 1.200 луѓе и резултираа со киднапирани други 250, според израелските податоци.
Во израелската офанзива во Газа загинаа речиси 43.000 луѓе, според властите во Газа, и беше опустошена територијата.