В понеделник ќе се одржи традиционалниот Саем на студии во Франција

Во понеделник (28 октомври) од 11 до 16 часот ќе се одржи традиционалниот Саем за студии во Франција во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Настанот во организација на Францускиот институт во Скопје и француската Агенција за високо образование Кампус Франс ќе биде отворен за посетители од 11 часот, а официјално ќе биде отворен во 12 часот, со поздравни говори.

„Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка. Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за стипендии, студиски програми на англиски јазик и сите аспекти на студентскиот живот во Франција“, велат од Францускиот институт.