Во вторник, 6 јуни, во кафулето „Менада“ ќе биде одиграна претставата „Вагинални монолози“, со почеток од 20:30 часот.
„Вагинали монолози“ е дело напишано од Ив Енслер кое за прв пат е изведено во 1996 година во Америка. Истото во Македонија се организира по петти пат во продукција на неформалната група на граѓани VDay.
Претставата се изведува во повеќе земји низ светот и е од активистички карактер. Во неа, се зборува за ослободувањето на жените, насилството, неправдата, дискриминацијата со кои секојдневно се соочуваат. Актерките и актерите најчесто не се професионалци, туку аматери и активисти.
Билетите во претпродажба можат да се најдат да ги најдете преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по симболична цена од 150 денари.
Сите собрани средства ќе бидат донирани во Граѓанска организација за унапредување на правата на еднородителски семејства ЕДНА МОЖЕ, кои покрај подобрување на животот и борбата за права на еднородителските семејства во Р.Македонија, работат и на подобрување на положбата на жената во општеството.