Театарската претстава „Вагинални монолози“ ќе се одржи во понеделник, 29 април во 20.00 часот во Универзалната сала, како дел од активностите на VDay Macedonia за борба против семејното насилство. „Да му ја покажеме на целиот свет нашата солидарност, нашата заедничка моќ, нашата сила да кажеме „НЕ“ на насилството врз жената“, апелираат организаторите.
Девојки и жени, аматерки и актерки , активистки и жени од јавниот живот во Македонија, предводени од VDay Maкедонија ќе споделат женски сведоштва за уникатни искуства со љубов, раѓање, секс, насилство, силување…
Сите средства од продажбата на билетите, кои чинат 200 денари, како и од спонзорствата ќе бидат донирани во Кризен Центар – НАДЕЖ, центар кој веќе долги години безрезервно застанува зад жртвите на семејно насилство, ги згрижува и им дава правна и психолошка помош.