„Вајс медиа“ најави банкрот

„Вајс медиа груп“, компанијата зад популарните вебсајт како „Вајс“ и „Мадерборд“ се подготвува да објави банкрот, објави „Њујорк Тајмс“.

„Гардијан“ јавува дека извештајот и најавата доаѓаат откако „Вајс“ ја укина ноќната програма „Вајс њуз“, како и во време на масовни отпуштања и затворања во медиумскиот сектор, вклучувајќи го и затворањето на „Базфид Њуз“.

Сепак, според извештајот, пет компании изразиле интерес за купување на „Вајс“, па медиумската компанија можеби и ќе го избегне банкротот, а според „Њујорк Тајмс“, „Вајс“ се очекува да продолжи да функционира и по банкротот.

Портпарол од „Вајс“ истакнка дека компанијата „е впуштена во евалуација на стратешки алтернативи и планирање“, како и дека „бордот на акционерите ќе продолжи да биде фокусиран на наоѓање на најдоброто решение“.

Потенцијалниот банкрот на компанијата доаѓа во предизвикувачки момент за медиумската индустрија, бидејќи неколку други медиумски и технолошки компании го намалуваат бројот на вработените поради предизвикувачката економија и слаб маркет за рекламирање.