Граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација. Ова денеска го одлучи Националниот Комитет за имунизација.
„Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот ‘Фајзер’, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, ‘Фајзер’, ‘Астра Зенека’ или ‘Спутник В’, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација. Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат“, стои во соопштението.
Од министерството апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи како што велат, само така ќе се постигне колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на СарсКов2.