Зборот „Вакс“, кој означува вакцини или вакцинација, е избран за збор на годината според лексикографите од Оксфордскиот речник на англиски јазик.
Најголемиот дел од зборовите кои се поврзани со вакцините имаат зголемување во употребата во 2021 година поради Ковид-19, а особено голем раст имаат зборовите како: „двојно вакциниран“, „невакциниран“ и „анти-ваксер“.
Според уредничката на речникот, Фиона Мекферсон, зборот „вакс“ бил очигледен избори бидејќи имал најголемо влијание.
„Зборот потекнува од 1980-тите години, но според нашите податоци ретко се користел се` до оваа година. Кога ќе ја додадете разновидноста при формирање на други зборови, станува јасно дека „вакс“ отскокнуваше од другите“, вели таа.
Истовремено оваа година имало пораст од 57.000% во користење на зборот „пандемија“
Оксфордскиот речник секоја година избира збор на годината. Минатата 2020 година, тоа беше зборот „карантин“ (lockdown).