Шпанскиот град Валенсија се најде на врвот на листата на најдобри градови во светот за работа во странство според годишното истражување „Експат Инсајдер“.
Од организацијата „ИнтерНации“, кои го спроведуваат истраживањето, анкетирале 11.970 експатриди (професионалци кои живеат и работат надвор од својата матична држава) од 181 светски држави и територии и ја составиле листата на најдобрите градови за работа во странство. Извештајот за 2022 година рангира 50 градови низ светот според квалитет на живот, едноставност за приспособување и личните финансии.
Валенсија се најде на првото место поради тоа што нуди најдобар квалитет на живот. Експатридите сметаат дека во градот се чувствуваат многу безбедно (92% наспроти 81% глобално), дека има најпристапен јавен транспорт (85% наспроти 70% глобално) и голем број можности за рекреативен спорт (92% наспроти 75% глобално). Валенсија дополнително е рангирана високо според леснотијата за приспособување, каде 74% од анкетираните рекле дека во градот се чувствуваат како дома. Истиот процент изјавиле дека се задоволни со социјалниот живот, а 83% од странците кои работат во Валенсија изјавиле дека цените на живот се многу добри.
Меѓу првите пет града за оваа година се најдоа и Дубаи, Мексико Сити, Лисабон и Мадрид.
За најлош град за експатриди во истражувањето е прогласен Јоханесбург во Јужна Африка. Градот котира најлошо според квалитетот на живот (50-то место), а главните замерки на анкетираните биле дека тие не се чувствуваат безбедно во градот (62% наспорти 9% глобално), незадоволни се и од цените (25% наспроти 15% глобално) и достапноста на јавниот превоз (39% наспроти 17% глобално).
На последните пет места се најдоа и Франкфурт, Париз, Истанбул и Хонг Конг.