Граѓаните на Вашингтон ќе им се придружат на гласачите во Орегон и Аљаска на референдум за легализирање на канабисот, што ќе биде одржан во ноември, соопшти градскиот Изборен совет.
Градските власти потврдија дека приврзаниците на легализацијата на употреба на марихуана собрале доволен број потписи за да се стави тоа прашање на референдум во ноември.
Со легализирањето на марихуана за постари од 21 година ќе се дозволи тие да поседуваат до 56 грама од дрогата и да одгледуваат најмногу шест растенија канабис дома. Гласачите во Колорадо и во државата Вашингтон гласаа за легализирање на марихуаната во 2012 година.