Со хитови на Дејвид Боуви, Мајкл Џексон, Стинг и Џорџ Мајкл, Националната опера и балет ќе ја започне новата, 2020 година.
Традиционално, по повод празникот Василица, на 12 и 13 јануари ќе се одржи концертот „LEGENDS“ на кој публиката ќе може да слушне нови симфониски аранжмани на познатите песни од Витни Хјустон, Тина Тарнер, Елтон Џон, Барбра Стрејсенд и „Ганс ен роузис“.
Диригентската палка овојпат е на Бисера Чадловска, а ќе настапат и солисти, Хорот и Оркестарот на НОБ.