Владата денеска го донесе третиот пакет економски мерки за справување со економските последици од кризата со новиот коронавурс. Според нив целта е да се даде помош од државата и на граѓаните и на стопанството, со што ќе се поддржат сите категории и социјални ранливи групи на граѓани и бизниси.
Меѓу мерките, се предвидува платежни картички за граѓаните во вредност од 9,000 денари за македонски производи и услуги, ваучер за домашен туризам од 6,000 ден и домашна платежна картичка од 3,000 ден, парична поддршка за млади дo 6,000 денари, платежна домашна картичка од 3,000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини, викенд без ДДВ за сите граѓани, паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април оваа година, бескаматни кредити за фирми преку Развојната Банка на Северна Македонија, во вредност од 31 милион евра – поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисот, платежната картичка за субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците и две зголемени плати на медицинскиот персонал.
Третиот бран од мерки предвидува парична поддршка за млади дo 6,000 денари, платежна домашна картичка од 3,000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини.
„Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6,000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи. Тука спаѓа и платежна картичка за млади, во вредност од 3,000 денари за домашни производи и услуги. Воведуваме и ваучери до 30,000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади“, истакна Спасовски на денешната прес конференција.
Тој потенцираше дека преку третиот пакет со економски мерки се прави поттик за една нова, развојна македонска економија и промоција и раст на домашната економска понуда, а со тоа и нејзината конкурентност во регионот и пошироко.
Целосниот сет мерки на Владата може детално да ги погледнете на следниов ЛИНК.