веб портал за приближување на правото до граѓаните

Korica-za-veb

Порталот pristapdopravda.mk има за цел да ја промовира бесплатната правна помош како инструмент за овозможување еднаков пристап до правда за сиромашните граѓани како и да го олесни истиот.

Упатства за начинот на остварување на правото на бесплатната правна помош, основни информации за најчестите правни прашања со кои се соочуваат граѓаните како и опис на трошоците за водење на постапки во македонскиот правен систем може да се најдат на страната.

Веб порталот содржи и упатства за можностите кои им стојат на располагање на граѓаните во случаите кога поради слаба материјална положба не се во можност да водат постапки за остварување и заштита на нивните права (бесплатна правна помош, ослободување од плаќање на судски такси, ослободување од плаќање на трошоците на постапката и сл.).

Pristapdopravda.mk овозможува интерактивност преку опцијата за директно поставување прашања на кои ќе одговара тим од стручни и искусни правници. Веб порталот е наменет за сите граѓани кои имаат потреба од информациите кои ги содржи со посебен фокус на граѓаните со потешка материјална положба и припадниците на ранливите категории граѓани.

Pristapdopravda.mk е активност на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“ спроведуван oд 6 здруженија на граѓани во соработка и поддршка од Фондацијата Отворено опшество – Македонија.

Повеќе за pristapdopravda.mk