Пишувањето на романи е сериозна работа и вообичаено за тоа треба долго време, но повеќето луѓе не го ценат трудот кој авторите го вложуваат.
Романсиерот Joshua Cohen ја создал веб страницата PCKWCK, која овозможува да гледате како го пишува својот нареден роман, во реално време, со видео.
Оваа апликација е изработена во стилот на Google Docs, и преку неа може да се следи развојот на романот од почеток до крај, со сé печатни грешки, повторно пишување и други преработки.
Додека тој е онлајн, хипнотизирачки е да се гледа како пишува и да се има увид во процесот на пишување, што навистина реално покажува колку труд се вложува при пишувањето на роман.
Освен тоа, може да си пишувате со Коен и секој друг што гледа во моментот, како и да маркирате делови од текстот, на тој начин праќајќи му „срциња“, слично како апликацијата Periscope.
Извор: The Next Web