Во Џепното кино, во МКЦ, со почеток во 21 часот, фестивалот „Танц Фест Скопје“ ќе претстави тројца млади автор, во серијата „Современи кореографски идентитети“.
За почеток, премиерно биде прикажан филмот „2 0 2 0 “ (Во потрага по оптимизам и други чудовишта) во режија на Дора Кокољ, кореографија на Дора Кокољ и Миа Штарк. Настапуваат Дора Кокољ и Миа Штарк, а илустрацијата е на Орла Бирд.
Следува „Vitro“ на Филип Петковски, филм кој е инспириран од македонски ритуали и легенди кои ја опфаќаат природатa. „Vitro“ ги истражува живоста и трансформацијата како суштински аспекти кај движењето на човечкото тело и движење во природата. Режијата и кореографијата се на Филип Петковски, а настапуваат Адријана Данчевска, Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Матеја Јанковска и Филип Петковски.
Третиот филм кој публиката ќе може да го проследи е „Home/the movie“ (последен пресек, консензусна реалност), во режија и кореографија на Адријана Данчевска, а визуелен уметник е Ивана Мојсовска. Настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски, Александра Велкова.
„Танц Фест Скопје 2022“ е поддржан од Министерство за култура, Град Скопје, Американската амбасада, Францускиот институт од Париз и Скопје, Дом на Арм Скопје, Perform Europe, East is Best, Културанова.