По повод објавувањето на „Белешки на еден стар гад“, Чарлс Буковски утре (петок, 1 декември) ќе „гостува“ во „Буква“ преку видеозапис со своето последно поетско читање.
„Секое поетско читање во негова изведба е своевидно шоу. Потоа ќе се обидеме и музички да се навратиме на времето на Буковски, а музика ќе ни пушта Томе Сиљаноски, преведувачот на ‘Белешки на еден стар гад’“, стои во најавата.
Инаку, „Белешки на еден стар гад“ е збирка „колумни“, како што ги нарекува авторот, кои Чарлс Буковски ги пишувал за својата колумна во андерграунд списанието „Опен сити“ од Лос Анџелес, во периодот од 1967 до 1969 година, во кои на свој добро познат начин, овојпат заземајќи гард на мудра будала, коментира разни актуелни општествени и книжевни теми и раскажува голем број фиктивни и автобиографски приказни, но овојпат занемарувајќи ги и правописните правила, со тоа давајќи им анархичен тон на текстовите.