Во рамките на „Добра идеја фестивал 2021“, кој е во организација на „Култи Ватор Скопје“, денес, на 22 септември, во МКЦ ќе се одржи концерт на „Алембик“ и диџеј сет на младиот режисер Сезер Салихи. Настанот ќе започне во 21 часот.
„Алембик“ е дуо од Скопје, оформено во март 2020. Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување звук преку (алхемиска) игра со музичките елементи.
До сега имаат реализирано неколку видео настапи (Културен центар “Јадро”, “Voice of Youth” и Амок радио), и настап во живо како дел од програмата на Млади за Скопје.
Во моментов работат на првиот, истоимен албум во продукција на Нино Спиркоски.
По нивниот настап следува диџеј сет на Сезер Салихи, кој е љубител на правецот „ворлд мјузик“.
Влезот е слободен.
Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.