„Фрагменти“ е новата самостојна изложба на Билјана Билбилоска што ќе се отвори вечерва (30 мај) во малиот салон на Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ со почеток во 20 часот.
Станува збор за тематска изложба која, како што се вели во најавата, ги преиспитува основните ликовни принципи и постулати.
„Оваа изложба го раскажува наративот на формализмот во уметноста на еден современ начин, го владее реконструирањето на взаемните комуникации на боите и формите, и нивното меѓусебно влијание. Прашањата кои ќе ги постави, исто така, гравитираат околу тоа колку формата ја одредува бојата и во која мера бојата ја менува формата, ги преиспитува границите на полнотата на боите и нивната промена и минливост предизвикана од поставувањето на бојата во рамките на обликот и на линијата“, пишува во описот.
Ќе бидат претставени слики изработени во акрилна и маслена техника, изложбата ќе биде отворена десет дена.