Во НУ Центар за култура од Крива Паланка, вечерва, со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата „Мантра на љубовта“ од Маја Андонова Јокиќ.
„Изложбата ја носи пораката на доловување на малите мигови во денот, повеќе љубов, поддршка и поттикнување промени што сакаме да ги видиме во општеството, особено во брзото време на живеење, на изместени духовни и морални вредности“, се вели во најавата.
Маја Андонова Јокиќ е трагач по одговори за човековата душа, вљубеник во јогата, зајдисонцата, изгрејсонцата, облаците, доживувањата што будат, емоциите што ги изразува со свој специфичен сопствен израз.
Изложбата е дел од програмата на Кривопаланечко културно лето и манифестацијта „Крива Паланка – Град на културата 2024“.