Со проекции на 45 филмови во кино Милениум и МКЦ, „ЕХО фестивалот“ на планинарски филм годинава го одбележува своето десето издание. Влезот за проекциите во кино Милениум и кино Фросина и Џебното кино се бесплатни и ќе се одвиваат до петок, 1 ноември.
Организаторите напоменуваат дека за вечерашното отворање во кино Милениум ќе биде задолжително да се подигне карта од билетарата на киното која не се наплаќа, туку служи за нумерација. Тие препорачуваат да се дојде 15 минути пред проекцијата која почнува во 19 часот.
Во продолжение, погледнете ја целата програма на фестивалот:
Ден 1: 28.10.2019 – кино Милениум
19:00 Отварање на ЕХО со Македонски документарен филм – „Виа Динарика – Македонската авантура“, режија Сергеј Георгиев, Македонија, 2019, 28мин
19:45 „Чангабанг и огледалата на повторувањето“, Жан-Пјер Таврон, Франција, 2019, 52 мин
21:00 “Овој планински живот“, Грант Болдвин, Канада, 2018, 77мин
Ден 2: 29.10.2019 – кино Фросина, МКЦ
18:00 „Ни требаат бели дробови – трчање преку Пиринеите“, Лудовико де Маистре, Италија, 2019, 68мин
19:08 „Империја на ветровите“, Лорен Жаме, Франција, 2018, 52 мин
20:15 Промоција на книгата „Слободата како уметност“ од авторката Бернадет Мекдоналд
20:30 Презентација на Фабијано Вентура – Италија
21:50 „Искачувањето на Еверест“, Антонело Падовано, В. Британија, 2019, 57 мин
29.10.2019 – Џебно кино, МКЦ
17:00 „Обратен Еверест“, Балаш Лернер/Гергели Балаш, Унгарија, 2018, 50 мин.
17:50 „Пумори, ќерката на планината“, 59мин
18:50 „РИАФН“, Ханес Ланг, Германија, 2019, 30 мин
19:20 „Кула“, Пауло Цесар Фахардо, Португалија, 2016, 12 мин
19:32 „Предзнак“, Елена Гоатели/Ангел Естебан, Италија, 2019, 14 мин
Ден 3: 30.10.2019 – кино Фросина, МКЦ
18:00 „По патеката на глечерите – Мисија во Алјаска“, Фабијано Вентура, Италија, 2016, 52мин.
18:52 „Спелеонаут / Под каменото небо“, Соња Џекиќ, Србија, 2018, 57 мин
20:00 Презентација на Влад Павлов – Бугарија
21:15 „Последната планина“, Дариуш Залуски, Полска, 2019, 85 мин
30.10.2019 – Џебно кино, МКЦ
17:00 „Лоик и Флолопапите“, Доминик Сниерс, Белгија, 2019, 46 мин
17:46 „Напивката“, Габриела Мартинез Гарза, Мексико, 2019, 7 мин
17:53 „Бркајќи чудовишта“, Кристал Врајт, САД, 2018, 5 мин
17:58 „Долина на Месечината“, Хена Тејлор, САД, 2018, 22 мин
18:20 „Поделба“, Ли Крејџ, В. Британија, 2018, 40 мин
18:49 „Валмапу“, Бен Стургулвески, САД, 2018, 6 мин
18:55 „Бенџи“, Андриус Зукас, В. Британија, 2019, 8мин.
19:03 „Во потрага по врв“, Александер Дјаченко, Русија, 2019, 16мин
19:19 „Фокус“, Крис Прескот, В. Британија, 2018, 35 мин
Ден 4: 31.10.2019 – кино Фросина, МКЦ
18:00 „Бајандалај – Господарот на тајгата“, Анер Ечебариа Морал/Пабло Видал Сантос, Шпанија,
2018, 11 мин
18:11 „Тор“, Инаку Урести Арбулу, Шпанија, 2018, 41 мин
18:53 „Неоштетени“, Рожле Брегар/Матич Облак/Миха Авгуштин, Словенија, 2018, 52 мин
20:00 Презентација на Македонско еколошко друштво
21:10 „Гребенот Ветерштајн“, Јакоб Швајгхофер, Астрија, 2019, 21 мин
21:31 „Тежината на водата“, Мајкл Браун, САД, 2018, 80мин.
31.10.2019 – Џебно кино, МКЦ
17:00 „РанКамино“, Адриан Дмох, Полска, 2018, 43 мин
17:43 „Дух на јагуар“, Павол Барабаш, Словачка, 2018, 58 мин
18:41 „Закани во северните мориња“, Жак Лоел, Франција, 2018, 52 мин
19:33 „Хамун“, Махди Чалани, Иран, 2017, 22 мин
Ден 5: 01.11.2019 – кино Фросина
18:00 „Ар Џеј Рипер“, Џои Шуслер, САД, 2018, 20мин.
18:20 „Арон Дурагати – играње со невидливото“, Матео Веторел/Дамјано Левати, Италија, 2019, 30мин.
18:53 „Засолниште“, Жулиен Розерен/Морган Ле Фошер, Франција, 2019, 45мин.
20:00 Прогласување на победниците од страна на жирито
21:00 „Манаслу – планина на душите“, Гералд Салмина, Австрија, 2018, 100 мин
01.11.2019 – Џебно кино
17:00 „Потценетиот“, Ели Грин/Мет Грин, В. Британија, 2018, 21 мин
17:21 „Низ темнина“, Мелиса Бранднер/Мануела Мандл, Норвешка, 2019, 20мин
17:43 „Сега или никогаш“, Симон Плацер/Јакоб Швајгхофер, Австрија, 2018, 21мин.
18:04 „Видовитата и невиденото“, Сара Доса, САД, 2019, 86 мин
19:30 „Планина, Свештеник, Син“, Џон Седон/Ваибав Каул, Индија, 2018, 27 мин