Во Паркот на Франкофонијата во Монтажна галерија вечерва од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Вежбање јавност во простор во време на исечени дрва“ на уметниците Зоран Шекеров и Анастасија Пандиловска.
„’Вежбање јавност во простор во време на исечени дрва’ e yметничко-истражувачки проект кој го поставува прашањето за присутноста на агресијa во јавниот простор. Oдносно, доколку агресијата е однесување кое е карактеризирано како контакт и комуникација со други луѓе со примена на сила, aвторите преку нивните практики, го вежбаат својот пристап и воспоставувајки дијалог помеѓу нив разгледуваат што би значело агресија во јавен простор и и на кој начин таа влијае во формирањето и одржување на јавност во просторот.
Поаѓајки од различните пристапи во нивните практики, Зоран Шекеров, уметник-фотограф кој има документаристички пристап кон медиумот и Анастасија Пандиловска, уметница-истражувач која во својата пракса се фокусира на создавањето на просторот како синтеза помеѓу менталното – кое се однесува на давање, задржување и потврдување на значењето и физичкото што е врзано за нашите сетила кои ни помагаат да го доживееме просторот, тие, го истражуваат социо-политичкиот и културолошки контекст во кој таа агресија е создадена. Играјќи со естетските елемнти во кои тие ја пронаоѓаат агресивноста градат нелинеарна наратива преку која откриваат и реагираат на сцени од нашите секојдневија“, стои во најавата за изложбата.
Повеќе за уметниците може да видите во ФБ настанот за изложбата.
Проектот е финанскиски поддржан од Министерство за култура на РМ и Центар за современи уметности Скопје.