Денеска започнува традиционалниот Струмички карневал. Програмата ќе започне од 18 часот со свечено отворање на карневалските денови со симболично предавање на клучот од градот на карневалистите од страна на градоначалникот.
Карневалската програма која ќе трае до среда (5 март) вклучува бројни концерти, изложби, маскенбали и слично, а главната интернационална карневалска поворка е предвидена да започне во 18:30 часот во сабота (1 март).
Карневалот кој има долгогодишна традиција е еден од најзначајните обичаи и традиции од ваков вид во Македонија.
[Галерија] Околу 1.500 маскирани луѓе продефилираа на Струмичкиот карневал