Од неодамна е достапна платформата VegMovies, на која луѓето може да гледаат филмови кои се фокусираат на правата на животните. На неа засега може да се најдат 200 филма со еколошки и вегански теми.
„Лансирањето на VegMovies траеше три години“, вели Џејсон Шрам, основач на „Вег групс“. „Има толку многу одлични филмови кои се ориентирани кон животните или имаат фокус кон веганизмот, но може да е тешко да се филтрира низ сите избори. Досега немало ниту едно место каде сите филмови може лесно да се најдат. Некаде каде постојано се ажурира со најновите објективни информации за секој филм и каде да ги гледаме “.
Платформата функционира исто како Нетфликс или Амазон прајм. На екранот се прикажани филмови поделени во категории како на пример за животни, животна средина, или здравје.
VegMovies нуди разновидност, почнувајќи од класични анимирани филмови за животни, како „Дамбо“ и „101 далматинец“, до хорор филмот наречен „Фарма“, во која луѓето се служат за вечера. Документарните филмови се истакнуваат, опфаќајќи теми како што се здравствените опасности од типичната американска исхрана, ловокрадството, нелегалната трговија со животни и зад сцените на фабричките фарми.
Кога гледачите ќе кликнат на сликичката на филмот, тие можат да видат резиме од филмот и забелешки оставени од други луѓе. Гледачите исто така имаат можност да остават свое мислење по гледањето на секој филм.
Со оглед дека платформата првично е наменета за љубителите на животните, наместо да ги предупредува гледачите за голотија и вулгарности, предупредувањата ги вклучуваат зборовите „…покажува животни во заробеништво, крава прикачена на млечна машина и животни што веќе се мртви кои се обработуваат во фабрика“, како и „мртви ајкули се прикажани на пазарот“.