Извршната директорка на велешката фондација за локален развој и демократија „Фокус“, Весна Шкортова соопшти дека фондацијата ќе има можност да се натпреварува за награда на светскиот самит на ОН во Шри Ланка со изработената веб апликација „Граѓански приоритети“.
Апликацијата е влезена во официјалната конкуренција и ќе се натпреварува во категоријата „е-инклузивност и оспособување“ каде се избрани 20-те најуспешни содржини, од кои пет ќе бидат наградени. Во периодот од 29 до 31 август во Талин, Естонија, жири ќе додели 40 награди, а потоа најуспешните апликации ќе се претстават на светскиот конгрес кој ќе се одржи од 23 до 25 октовмри во Коломбо, Шри Ланка.
„Наградата промовира дигитални содржини кои придонесуваат за животот на луѓето при што се селектираат најдобрите од повеќе од 160 земји-членки на ОН и затоа сме задоволни бидејќи преку нас, Македонија е официјалниот кандидат за наградата“, нагласи Шкортова.
Интерактивната веб-апликација „www.prioriteti.focus.org.mk“ е изработена со поддршка на Програмата за развој на ОН (УНДП) а истата е финансирана од страна на Кралството Норвешка и преку неа граѓаните можат да доставуваат предлози и да гласаат со што придонесуваат тие да станат дел од програмите и буџетите на општините. Апликацијата од страна на „Фокус“ се спроведува во општините: Велес, Градско, Чашка и Лозово и истата придонесува да се увидат потребите на граѓаните со што локалната власт станува потранспарентна во работењето, одлучувањето и исполнувањето на барањата.
Преку апликацијата граѓаните можат на дневна основа да поднесуваат барања, да коментираат за истите, да гласаат по што откако ќе станат приоритети ние ќе ги доставиме до општините, истакна, Славица Ќучукова Николова. Апликацијата се промовиранаше во месец Јуни се со цел да овозможи зајакнување на локалниот интегритет на четирите општини но и да ја зголеми одговорноста на општините во испораката на квалитетни услуги за граѓаните па затоа бенефитот е обостран и за граѓаните и за општините. Фондацијата „Фокус“ веќе подолго време се занивама со оваа проблематика со исклучок на тоа што за првпат го вклучуваат е-контексот кој во денешно време е реално најмногу застапен.