На трети мај во салата „Гемиџии“ во Велес ќе се одржи вториот по ред „Велигденски рок фестивал.“
Настапуваат: Суперхикс, битолчаните Фолтин, прилепчаните The Hounds и велешката група Blue Sky. Предвидена е и афтер-забава со диџеи. Организатор на фестивалот е здружението на граѓани за развој на културата „Велес Фест“ тој е финансиран од неколку спонзори, а помогнат од Општина Велес. Тие соопштија дека на првиот, ланскиот Велигденски рок фестивал имало две илјади гости.