Вработените во Велс кои одат на работа, а можат да работат и од дома ќе бидат парично казнети. Работниците од понеделник ќе добиваат фиксна казна од 70 евра, а фирмите ќе добиваат парична казна од 1.177 евра секогаш кога ќе го прекршат правилото, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Досега постоеја само упатства за работа од дома.
„Воведени се дополнителни мерки за ограничување на ширењето на вирусот и заштита на јавното здравје“, изјави портпаролот на велшката влада.
Тој рече дека тоа е само продолжение на советите што велшката влада долго време ги препорачува на луѓето да ги прават од дома кога тоа е можно, а од понеделник тоа ќе биде законски услов да работат од дома, освен ако не постои разумен изговор за тоа.
„Очекуваме работодавците да ги преземат сите разумни чекори за да ја олеснат работата дома и да им ја обезбедат потребната поддршка на вработените“, рече тој.