Компанијата „Пивара Скопје“ во рамки на платформата „Наша гордост. Наша одговорност“ за првпат постави вендинг машини за селектирање отпад во Охрид и во Струга на барања на локалните жители.
Според компанијата, вендинг машините ќе придонесат за зголемување на еколошката свест и одговорност меѓу граѓаните.
„Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата ‘Свет без отпад до 2030 година’, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година“, велат од „Пивара Скопје“.
Вендинг машините за селектирање отпад може да ги најдете во Охрид во маркетите „Тамаро“ на улица „Асном“ 21 и во маркетот „Кам“ во трговскиот центар „Кам Вилиџ“ на улицата „7 Ноември“ 179.
Во меѓувреме, вендинг машините во Струга се наоѓаат во „Кам“ маркетот во трговскиот центар „Генц Дуа“ и во маркетот „Миса“ помеѓу улиците „Елпида Караманди“ и „Цветан Димов“.