Новиот буџет на Италија вклучува и такса за влез на туристи кои ја посетуваат Венеција.
Туристите досега плаќаа 1,5 евра такса за секоја ноќ која ја поминуваат во хотел или изнајмен стан. Со новата промена властите ја менуваат оваа давачка со такса за влез, што значи дека секој кој го посетува градот на еден ден, или пак само на неколку часа, ќе мора да ја плати.
Таксата ќе изнесува меѓу 2,5 и 10 евра, а новиот систем се очекува да донесе околу 50 милиони евра годишно за разлика од досегашните 30 милиони.
Во 2017 година преку 10 милиони туристи поминале најмалку една ноќ во хотел во Венеција. Доколку на ова се додадат луѓето кои го посетуваат градот без ноќевање, цифрата се очекува да се подигне на 27 милиони посетители.