Венецуелските власти го забранија емитувањето на две телевизиски станици од Колумбија, на територијата на Венецуела.
Без никакво објаснување зошто е тоа направено, забраната доаѓа веднаш по обвинувањата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро врз соседна Колумбија и нејзниот претседател за подготвување заговор против венецуелската влада.
Двете колумбиски ТВ станици „Каракол“ и „Ер-Си-Ен“ во своите соопштенија го осудија блокирањето на нивното емитување на венецуелска територија, означувајќи го потегот како цензура.
„Нотисиас Карол од секогаш водеше објективно и вистинито новинарство и ги следеше принципите кои ние сметаме дека се основни: да се понуди новинарство со контекст и слушајќи ги сите гледишта“, се вели во реакцијата на медиумот.
Претходно, веќе беше забрането емитувањето и на програмата на Си-Ен-Ен на шпански јазик.
Претставник на телевизијата „Каракол“ изјави дека причината за забраната треба да се бара во одлуката на колумбиските власти да ја примат и да и понудат политички азил на Луиза Ортега Дијаз, сменетиот државен обвинител на Венецуела, која побегна во Богота, стравувајќи за својата безбедност.
Претседателот Мадури е силен критичар на интернационалните медиумски организации.
На прес конференција во вторникот, тој рече дека Би-Би-Си стана „најголемата пропагандна алатка за воена интервенција“ во Венецуела.
Тој исто така рече дека било „тешко да се неутрализира лажната моќ на Си-Ен-Ен, Фокс Њуз и Би-Би-Си“.
„Тие покажуваат омраза секој ден“, рече Мадуро.