Физички и вербални напади беа извршени кон дел од медиумите кои вчера вечер известуваа од протестите „За заедничка Македонија“ во Скопје. Откако беше објавено дека вчера новинарската екипа на 24 Вести беше физички нападната, а новинарот Кристијан Баневски удрен по главата со јарбол, Телма објави дека нивиот тим бил вербално нападнат со навреди и пцости.
ЗНМ и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудија нападите, а новинарските здружение за состојбата ги обвинуваат политичарите.
„Жално е што насилството врз новинарите е координирано од политичките центри на моќ. Тие напади зачестуваат тогаш кога во Македонија ексалира политичката криза. Недвосмислено насилството против новинарите е поврзано со жестоката политичка песметка која се случува во Македонија“, изјавува за Телма претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Нападите врз новинарите зачестија во изминатиот период. Претходно беа физички нападнати водител и камерман на Телма, а сите три напади врз новинарски екипи се случија на протестите на „Тврдокорните“, односно иницијативата „За заедничка Македонија“.