Кратенката вештачка интелигенција (AI) е прогласена за Збор на годината според британскиот речник „Колинс“ за 2023 година. Изборот „паднал“ токму на AI (ВИ) бидејќи според лексикографите во „Колинс“, зборот развил доминантен разговор годинава.
„Вештачката интелигенција беше во голем фокус оваа година. Вештачката интелигенција стана сеприсутна во нашите животи и од негогаш футуристичка, се претвори во секојдневна технологија“, изјавиле од „Колинс“.
Изборот на Колинс се случува кога во Велика Британија се одржува Самит на 100 светски лидери, технолошки гиганти и истражувачи кои разговараат за тоа како да се максимизираат придобивките од вештачката интелигенција, а да се минимизираат ризиците.
Истовремено, „Битлси“ ја искористија вештачката интелигенција за да го „вратат“ гласот на Џон Ленон и да ја објават својата „последна песна“. Според најавите на бендот, песната треба да биде објавена утре, на 2 ноември.
Од „Колинс“ велат дека при изборот, бил анализиран Колинс корпусот, односно базата на податоци што содржи над 20 милијарди зборови извлечени од веб-страници, весници, списанија и книги објавени ширум светот. Исто така, во корпусот е вметнат и говорен материјал од радио, ТВ и секојдневни разговори.
Другите зборови на листата на „Колинс“ ги вклучуваат зборовите „nepo-baby“ „greedflation“ и „canon event“.
Зборот „рermacrisis“, дефиниран како „период на нестабилност и несигурност“ беше збор на „Колинс“ на 2022 година.