Вештачката интелигенција (ВИ) го победи човекот во физички и ментални предизвици.
Робот управуван со вештачка интелигенција научи како да излезе од поставен лавиринт, користејќи ги роботските раце за да се води низ лавиринтот.
Откако научил од своите претходни грешки, па дури се обидел и да мами, роботот успешно го завршил зададениот предизвик за шест часа, односно во пократок период од неговиот човечки противник.
Истражувачките од Универзитетот во Цирих, Швајцарија го претставиле роботот „СајберРанер“ во вторникот.
Додека вештачката интелигенција ги победи шаховските шампиони во претходните натпревари помеѓу технологијата и човекот, никогаш досега не биле испитувани физичките вештини.
Роботот учел низ претходните искуства, а го користи и својот алгоритам за учење со цел да се зајакне и да стане подобар во зададените предизвици.
Еден од истражувачите, професор Рафаело Д’Андреа истакнал дека ќе го отворат проектот и ќе го направат достапен на веб-страница.
„За помалку од 200 долари, секој може да се вклучи во најсовремени истражувања за вештачката интелигенција. Понатаму, откако илјадници CyberRunners ќе стигнат во реалниот свет, ќе биде можно да се вклучат во големи експерименти, каде учењето ќе се случува паралелно, на глобално ниво. Најдоброто во Citizen Science“, изјавил професорот Д’Андреа.