Вештерките од цел свет „ќе му фрлаат магија“ на претседателот на САД, Доналд Трамп, вечерва на полноќ. Документ кој куржи на интернет во последно време, наречен „Магија која треба да му се фрли на Доналд Трамп и оние кои го поддржуваат (верзија 2.0)“, го најавува „масовното проколнување“ на Трамп.
Иако инструкциите не даваат јасна идеја за тоа што треба да направи „магијата“ или што „проколнувањето“ на Трамп ќе направи, акцијата е интернет хит.
GUYS WITCHES ARE CASTING A SPELL TO BIND TRUMP AND CHRISTIANS ARE PRAYING TO PROTECT HIM GET MY POPCORN pic.twitter.com/QRdrISt9Zz
— Laura Shortridge (@DiscordianKitty) February 23, 2017
„Клетвата е документ од отворен вид, може да се изменува за да одговара на вашата спиритуална пракса или магичен систем“, пишува во описот.
„Магијата“ ќе биде фрлена денес, 24 февруари на полноќ, а се бара „масовна енергија од многу учесници“ со цел да биде ефективна.
Сепак, „вештерките“ имаат конкуренција.
На веб страницата ChristianNationalism.com, која претставува неколку христијански радикални идеологии, повика на масовна молитва која ќе го заштити претседателот од вештерките.
URGENT: The Christian Nationalist Alliance declares days of prayer in opposition to Witchcraft: https://t.co/ozHR5Lq7Xs #CCOT #TCOT
— C.N. Alliance (@CNAlliance_) February 23, 2017
„Сите христијански воини треба да одговорат на овој повик со читање на Псалмот 23 во исто време, додека вештерките ќе фрлаат магија“, пишува на веб страницата.