Скопската зоолошка градина најави дека следните денови се враќа шимпанзото Коко, откако последниве 10 години беше во Холандија на лекување од депресија.
На Фејсбук, од Скопје ЗОО објавија фотографии од живеалиштето каде ќе биде сместен Коко, кој доаѓа заедно со уште три шимпанза со кои претходниве години се дружел во Зоолошката градина во Амстердам.
Покрај оваа вест, од ЗОО Скопје информираа и дека набавиле два електрични мотори со кои ќе се олесни работата и движењето на зоо негувателите, но и ќе се придонесе кон борбата против загадувањето.