Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) ја најави изложбата од овогодишниот, дванаесетти, фото-конкурс за (био)фотографии, именувана „Везанки на природата“.
Изложбата на студентски фотографии пристигнати на конкурсот ќе се отвори на 25 октомври, среда, во локалот „Концепт37“.
Со почеток во 20 часот, посетителите ќе можат да погледат 27 фотографии.
„Главен мотив на фотографиите се различните шари и шеми, кои се среќаваат во природата, односно повторувачки елементи како пердуви, пајажина, листови“, велат организаторите.
Од ИДСБ истакнуваат дека изложбата ќе биде отворена за посетителите до 26 октомври.