За да се промовираат спортските навики и Олимпијадата во 2014, во подземната железница во Москва е инсталирана специјална машина за билети, која не прима пари. Наместо стандардниот начин на плаќање на возењето, машината прима само вежби – секој што сака бесплатно возење, мора да направи по 30 клекнувања (во недостиг на подобар превод за „чучњеви“).
Машината има вградена камера, која контролира дали патникот добро извежбал, пред да му испечати билет. Погледнете како изгледа ова: