Искуствата кои отстапуваат од вообичаената сфера, нормалното или секојдневното е потешко да им се приближат на другите поради самите структурни граници на човечката емпатија и ограничените можности за уживање во недоживеаното. Единственото место кое и понатаму по дефиниција е спротивно од нормално е неговото тоталитарно височество – затвор.
Но, пред да ги тестираме вашите емпатички капацитети во ладните затворски ќелии на Флорида, ќе направиме адекватна „наративна подлога“, пишува VICE Србија.
Минатото лето, шест другари го искористија статусот на студенти и преку програмата Work & Travel заминаа во САД, место кое уште се нарекува и „земја на слободните и храбрите“. Со надеж дека ќе ги проверат сите референци со кои до тогаш ја хранеле својата поп-културна душа и ќе ги осетат трошките од американскиот сон – другарите истрошиле по 2.000 евра водејќи се според филозофијата на Дел Бојев, тој што се осмелува – победува.
Во мајката Србија секако не пропуштиле многу, ако ја изоставиме монотонијата, меланхолијата, летаргијата, мрзливоста, безидејноста, беспарицата, безнадежноста и останатото оружје од денешното секојдневие. Тоа патешествие требало да биде точка на пресек, воен рок на нашата генерација – растење во прекрасна пеперутка од стадиумот на балканските ларви.
Шестмина другари поминале четири турбулентни месеци на северозападниот брег на Флорида, работејќи напорно за да ги вратат вложените пари, да го искористат секој слободен момент во разулавени хедонизми, но и да запознаат нови поразлични, полуди, потемни, понапалени и поиздрогирани луѓе и места. Некој можеби би рекол дека од таква журкалистична екскурзија, логично е дека следи и after party во затвор и тој некој сигурно би имал добри аргументи за тоа.
Утрото пред затворот:
Се изгледаше совршено тој ден. Ни остануваше недела дена за старото добро уживање и трошење на заработените пари, бидејќи сите официјално дадовме отказ на местата каде што работевме. Таа вечер планиравме да одиме на забава во најголемиот клуб во градот во познатиот кварт Севиј. Нашата „гајба“ ја делевме со младата молдавка Кристина, која воедно беше и наш многу толерантен цимер, а загревањето за забавата започна околу 8 часот навечер. Еуфоријата растеше исто како и промилите на алкохол во крвта, а таа кобна ноќ, никој и не претпоставуваше дека ќе се разбуди на тврдите затворски клупи. Црвите на сомнежот се давеа во мексиканските текили, разумот ја губеше битката со вотката, а анестезираните вилици урлаа „ааа свеее“. Линиите кока (50 долари по линија – не е многу туку напротив – поволно) лежеа како рајски змии на лимена подлога, мамејќи ги на грев расположените студенти.
До клубот ни беа потребни некаде околу 15 минути. Пола саат пред полноќ, откинати како говеда и распоредени во две таксиња се упативме кон местото на злосторството. Во првото такси бевме Ричма, Видара, Перке и јас. Влеговме во автомобилот урлајќи и викајќи како хулигани, додека Мариќ веќе започна разговор со таксистот, кој инаку беше голем фан на Тесла во врска со тоа како „Едисон е пи*ка“. Ние на задното седиште продолживме да мрмориме секакви работи, ги довршувавме вотката и ред булот што ги земавме за по пат. Вилиците ни шетаа тик-так, а очите ни светеа како сијалиците на Едисон.
По пет минути возење се најдовме на Five Mile Bridge, кога меморијата почна полека да ми колабира, а свеста да преминува во коалицијата помеѓу кокаинот и алкохолот. Светлото од далечината ми изгледаше како огномет пред очи, автомобилот стануваше премал, а кожата претесна. Од тој момент, целата приказна за мене се одвиваше како спотот на „Smack my bitch up“.
Влезот во клубот, изненадувачки, не помина со инциденти, не се сеќавам најубаво, ама да имаше инцидент, ќе се сеќавав. Самиот клуб е поделен на повеќе простории/клубови во кои се врти се од кантри, рок, до електроника, а централниот простор во кој секогаш има најмногу луѓе, каде воедно се најдовме и ние, е резервиран за хип хоп.
Видно испокинат, со заматен вид, за брзо време се најдов на шанк со флаша пиво во рацете. Нашата појава веднаш привлече внимание, што ме доведува до помисла дека влеговме внатре како Death Row екипа на сопствена журка.
Набрзо се случи расправија со некои типови – Перке и јас почнавме да им објаснуваме, расправијата стоеше над нас како диско кугла кога обезбедувањето не фати и не упати кон излезот. Се нагодувавме, се спротиставувавме, но сепак не исфрлија на улицата каде не пречека колона од луѓе кои се надеваат на влез.
Во тој момент, четворицата пријатели се губат и нивните судбини се раздвојуваат до конечната средба во законодавната институција. Оттогаш, моето однесување може да се објасни единствено со аналогијата за однесување на глувци во лавиринт – извинете, како глувци на кои им ставиле кока во сад полн со вотка и ги пуштиле во лавиринтот. Секој кој некогаш користел дрога и слични такви работи знае дека НЕ како одговор не е прифатлив во таква ситуација, егото станува разгален син на единец на Парис Хилтон, а не е свесно за тоа.
Неколку минути подоцна, повторно се најдов во клубот недофатлив за обезбедувањето. Движејќи по ходниците и малите простории, се навраќав на местото каде започна тепачката. Некое време се движев, кога обезбедувањето повторно ме забележа и за 30 секунди се најдов повторно надвор на улица.
Ако помислите дека после ова се откажав, се лажете. Можеби и јас сум сакал да го прекинам глувчешкиот експеримент, но синот на Парис Хилтон мислел поразлично, викајќи наоколу „јел ти знаш ко сам ја .“ Исто така тогаш и незнаев дека газдите на локалот се блиски со полицијата и дека секоја вечер по неколку пати полицајци патролираат околу локалот следејќи ја ситуацијата.
И повторно не сум ни свесен на која финта се најдов во клубот, овој пат движејќи се околу маргиналните бини. Во секој случај ме интересираше каде се другите. Оваа е наша вечер и нема некој безвратен мајмун да ни ја уништи, си мислев. Штом ја подадов главата на ходникот кој води накај главната бина, безвратните мајмуни ме видоа. Тоа е истиот лик од претходно, викаше едниот. Дури пробав и да им избегам, но не постоеја такви шанси, очигледно требеше да се поправам, бидејќи алкохолот управуваше со мојот психо-физички систем.
Повторно се најдов пред колоната луѓе пред вратата. Што, ти уште не влезе, јас еве веќе трет пат, почнав да го зезам првиот тип на кој што налетав.
Немаше никакви шанси уште еднаш да влезам на некој од двата главни влеза. Тргнав на задна врата, капијата беше отворена, од клубот ме делеше само просторија полна со големи метални боци пиво. Кога тргнав истовремено и да ги минувам и да ги прескокнувам, почнав да ги рушам. Слушнав гласови позади себе, а и од просторијата во која се обидував да влезам. Експериментот се наближуваше кон крајот.
Еве го, овде е викаше едниот.
Одеднаш, пред мене се појавија двајца од обезбедувањето, додека одзади ми се наближуваа полицајците. Кога ја видов состојбата на теренот, се помирив, ги кренав рацете во вис и почнав да извикувам „It`s ok, it`s ok“.
Во истата таа секунда, еден од полицајците дојде накај мене, силно ме повлече накај улицата и подметнувајќи ми ја ногата, ме спушти на тротоарот. Потоа почна да ме дави, бев во неверување, ми го стискаше вратот како да сакаше да ме убие. Поминуваа секунди и секунди. Кашлав и плукав по тротоарот, а низ главата за првпат во животот ми поминуваше мислата: Готов сум, овој сака да ме убие. По 15 секунди, стисокот попушташе и кислородот почна да се движи низ душникот.
Дури тогаш целосно полудев, бев во шок, не можев да поверувам што сакаше да направи полицаецот. Од главата ми течеше крв, бидејќи полицаецот силно ми ја притисна на бетонот, во текот на давењето. Бев надвор од себе поради бесот и почнав да пцујам и урлам додека ми ги ставаа лисиците и ме внесуваа во полицискиот автомобил. Се појавија и одговорните во клубот. Додека тие зборуваа со полицајците, јас седев на задното седиште, наслонет со грбот на едниот прозорец, а ударајќи со нозете по другиот.
По неколку минути, полицајците влегоа во колата и тргнаа накај болницата за да ме прегледаат, бидејќи таква е процедурата. Почнав да им се заканувам со тужба, странско државјанство и видливите повреди. Дури им спомнував и обид за убиство, Гвантанамо методи. Двајца бели полицајци се обидуваа да ме смират, видно вознемирени поради мојот однос. Им го барав бројот на значките. Викав: ќе ми платите за ова, ооо, можете да се обложите дека ќе ми платите за ова.
На влезот во болницата, студентската екипа полека почна да се собира. Во ходникот налетав на Перке кој урлаше на полицајецот кој го водеше. Тогаш сфатив дека и тие имале занимлива ноќ. Додека јас глумев глодар на коски, моите тројца другари си имале сопствена глума од друг жанр, но еднакво автентични.
Додека јас ја играв играта „внатре-надвор“, тие по кратка постапка дошле во расправа со монополистите на силата. Веднаш пред клубот, почнала расправијата со обезбедувањето, а набрзо се појавила и полицијата. Мариќ, најпијаниот помеѓу нас, ги ословувал со погрдни зборови, а кога полицајецот се обидувал со раката да го помести неартикулираниот Перке, овој му ја оттргнувал. Увидувајќи ја ситуацијата и тоа што направиле, тиа двајца почнале да бегаат од полицијата.
Каква дијабола. Слабиот долгоног Ричма трчал по улиците пред сите, не свртувајќи се назад. Перке застанал кога видел дека неможе да и избега на полицијата, туку може само да ги направи работите полоши и ги ставил рацете на рамењата. Во тој момент му се доближил полицајец, го спуштил на колена и со левата рака го удрил неколкупати по главата со батериската ламба.
Додека Перке ги добивал своите пет конци на главата, Ричма се наоѓал во пластична канта во слепа улица, недалеку од местото на злосторството. Под налет на адреналинот во себе, успеал да прескокне бетонска ограда од две метри која ја дели слепата уличка од тротоарот. На слепата улица се наоѓа само една коцкеста пластична канта за ѓубре. Да, лудакот влегол во кантата со цел да се скрие. По петнаесетина минути, излегувајќи од кантата, уверен дека веќе се е завршено, тргнал по околниот пат да види што се случува во клубот. На аголот налетал на Крис, колега со кој работеше и кој му кажал дека нас не апсат, а главата на Перке е целата во крв. Лудиот Ричма сакал да види што се случува со нас, а Крис, нормално, го убедувал да не го прави тоа, но не успеал да го убеди.
Нереалниот Ричма трчал по клубот извикувајќи погрдни зборови и сочни српски пцовки, по што завршил во полицискиот автомобил, удирајќи со нозете по прозорецот исто како и неговиот другар неколку минути подоцна.
Судбината на Видар е најапсурдна. После неколкуте „срања“ што ги направиле Перке и Ричма, мислејќи дека ја запалиле „гајбата“, уапсен е додека се враќал се дома со такси. Полицијата го застанала таксито го исфрлила надвор, и тој замислето моето, на Перке и Ричма апсењата ги гледал врзан со лисици за бандера. Во суштина заглавил, ни крив ни должен.
Кога Перке и јас пристигнавме од ургентниот центар во Escambia country jail, Видара и Ричма веќе беа таму. Видара мирно седеше на столчето со извадени лисици. Слободно се движеше во должина на дозволената жолта линија обележана на плочките.
Ричма се наоѓаше во ќелијата за притвор, поради недолично однесување. Лудакот удирал, плукал по непробивното стакло, пцуел на сите возможни јазици. Перке и јас поради претрпените повреди исто така бевме доста агресивни. Се правдавме дека неправедно и по грешка сме во затвор. Објаснувавме дека сме жртви на полициска тортура, покажувајќи ги нашите глави како доказ.
За тоа време Мариќ стануваше се понереален. Лудакот почна да удира со главата во стаклото, по што еден полицајец и една полицајка влегоа внатре и го заврзаа за креветот со каиши како во санаториум, за да не се повреди.
По внесувањето на податоците во системот, нас тројцата не ставија во поголема ќелија за притвор. Баравме да ни кажат во што е проблемот, зошто сме уапсени, каков е овој начин, сето тоа проследено со грди зборови за нивната демократија. Полицајците станаа бирократски неми за нас, дури ни го ускратија и правото на телефонски повик. Тогаш Перке и јас почнавме да удараме со отворени дланки по стаклото од ќелијата. Еден од полицајците дојде да не предупреди, а ние нормално не му обрнавме внимание и си продолживме. Потоа со залет удиравме по стаклото со нозете. Видара за тоа време лежеше на бетонската клупа и тивко пробуваше да не оттргне од неефикасното, но катарзично однесување.
По половина час, конечно се уморивме. Повторно го повикавме полицаецот да ни објасни што се случува. Тој ни рече да не се загрижуваме и дека се ќе се реши утре (како бе утре, сакам сега да си одам дома!). Ни рече дека ноќта ќе ја поминеме во затворот (Ало бреее!). Ни рече и да се смириме и дека ќе не пушти во ходникот, а исто така и дека ќе добиеме и храна.
Во пет часот наутро, додека црнкињата повраќаше во кантата, Видар се обидуваше да го испие бедниот изговор за сок, а на ТВ екранот во ходникот имаше реклама за KFC, конечно станав свесен за ситуацијата во која се наоѓам – ние се наоѓаме во американски затвор.
Извор: Vice