Ураганот Ијан, една од најсилните бури која го има зафатено САД во неговата историја, вчера го погоди југозападниот дел на Флорида со силни ветришта, дожд и грмоевици.
Речиси 2 милиони домови и компании останаа без струја откако ураганот го зафати копнениот дел на сојузната држава во текот на попладневните часови. Бурата донела „катастрофални“ ветришта со брзина од 240 километри на час, а брановите од океанот достигнале висини и преку 3,5 метри. Ураганот се протега на површина широка околу 230 километри и предизвикува огромни поплави во Флорида.
Сепак вистинските штети и понатаму се непознати поради доаѓање на ноќта и нарушените комуникациски мрежи поради недостатокот на струја.
We were in the eye wall of Cat. 4 #Hurricane #Ian for over 5 hours and the back side was the worst.
I haven’t experienced anything close to this in over 30 years @weatherchannel pic.twitter.com/wfEqcuEBAm— Mike Seidel (@mikeseidel) September 29, 2022
Населените места во Форт Мајерс Бич и неколку други крајбрежни градови се речиси целосно поплавени, домовите се оштетени, додека ветерот рушел дрвја и електрични столбови. Од компанијата за електрично снабдување на Флорида предупредија дека оние места кои ќе бидат погодени од ураганот може да останат неколку денови без струја.
Очајни луѓе објавуваа пораки на социјалните мрежи со барања да бидат спасени, а од локалната канцеларија на шерифот информираа дека добиваат голем број повици за луѓе заробени во поплавени домови.
Large trees are being uprooted with ease as the eye of Hurricane #Ian approaches.
Meteorologist @MatthewCappucci is in Punta Gorda waiting for the calm within the eye but as you can see right now, it’s not too calm yet. pic.twitter.com/itoWpycasZ
— MyRadar Weather (@MyRadarWX) September 28, 2022
Уште милиони други жители на Флорида се наоѓаат директно на правецот по кој се движи ураганот, кој се очекува да остане прилично силен и со ветрови преку 160 километри на час и кога ќе продолжи да се движи кон градот Орландо во текот на денешниот ден.
„Ова ќе биде една од оние историски бури кои ќе го сменат животот на заедниците во југозападот на Флорида и ќе имаат голема последица по нашата држава. Ова ќе биде тежок период, па бараме од луѓето да мислат на нас и да не имаат во нивните молитви. Ова е една голема, голема бура“, изјави гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.
Ијан е прв голем ураган кој ги зафаќа САД оваа година и е прв кој ја погоди Флорида по ураганот Мајкл во октомври 2018.
Силата на Ијан е изедначена на петтото место на скалата на најсилните урагани кои биле регистрирани во САД.