[Видео] 20 години од смртта на великанот Блаже Конески

Денеска (7 декември) се навршуваат 20 години од смртта на Блаже Конески (1921 – 1993), една од најважните фигури во современата македонска историја, култура и книжевност.

По тој повод, ја реобјавуваме оваа стара емисија на Македонската телевизија, во која е снимено едно од последните интервјуа со Конески. Тој зборува за влијанието на Рацин врз современите македонски поети и за творечката атмосфера во Македонија во годините по Втората светска војна, меѓу другото. „Таткото на македонскиот литературен јазик“, како што често се нарекува, во интервјуто ја рецитира својата песна „Снег“.

Во емисијата се вклучени и други примери од богатото поетско и прозно творештво на Блаже Конески, во интерпретација на познати македонски актери, меѓу кои и Мето Јовановски, Данчо Чеврески, Ненад Стојановски и Јовица Михајловски.

Извор