Летниот психоделичен трајбл фестивал „Озора“ во Унгарија повторно беше пуштен во полн погон. Ова е седумдневен фестивал, ама траеше 10 денови со сите пропратни програми и активности. И не е само музички хепенинг. Напротив, „Озора“ ја претвори долината на Дадпуста во вибрантна заедница со околу 30-40.000 луѓе, понуди разни стејџови, работилници, места за заедничарење, готвење, за уметност и опуштање, со инсталации и декор, колоритни штандови, пазар…
„Озора“ е магична приказна што вреди да се посети. Да се доживее со отворен мозок за спонтани дружби и седенки, но и со плускавци на нозе од играње и истражување локации, бидејќи е огромен простор кој живее 24/7 и нема лесно да ви испари од сеќавање.
View this post on Instagram
Бојан Шашевски