Мрежата за медиумска писменост, составена од повеќе организации, медиуми и институции, веќе пет години ги организира Деновите на медиумска писменост.
Преку серија настани, работилници, дебати и информативно-едукативни содржини секоја година се покренуваат прашања за различни аспекти од медиумската писменост и критичкото размислување.