Група активисти на Гринпис се искачија на покривот на резиденцијата на британскиот премиер Риши Сунак во Јоркшир во знак на протест против одлуката да поддржи значително зголемување на ископувањето нафта и гас во Северното Море.
Демонстрантите се искачија на покривот на премиерската палата и го покрија со голема црна ткаенина која се прострираше на околу 200 квадратни метри.
Како што може да се види на фотографијата споделена од Гринпис, објавена на платформата Х, порано позната како Твитер, двајца активисти открија транспарент на кој пишуваше „Риши Сунак – профит од нафта или нашата иднина?“.
Сунак не беше присутен во резиденцијата бидејќи во четвртокот замина на семеен одмор во САД и се очекува да биде надвор од земјата околу 10 дена.
Велика Британија повторно издаде стотина дозволи за истражување нафта и гас за локации во Северното Море за да ја зајакне енергетската безбедност и независност, игнорирајќи ги повиците на еко-активистите и Обединетите нации да се запре развојот на нови проекти за фосилни горива.
Најавата на британскиот премиер доаѓа во момент кога научниците од ОН и еко-активистите ги повикуваат владите ширум светот да го забрзаат преминот од фосилни горива кон обновливи извори на енергија по летото со рекордно високи температури, суша и поплави поврзани со климатските промени.
Today climbers were protesting against Rishi Sunak’s plans to approve over 100 new oil and gas licences.
Sunak is pushing us closer to climate breakdown and doing nothing to lower bills or boost our energy security.
Our future is more important than big oil profits!#NoNewOil pic.twitter.com/4TV94twHER
— Greenpeace UK (@GreenpeaceUK) August 3, 2023