Што е говор на омраза? Од каде потекнува и кого засега? Кој е жртва, а кој е сторител? Како да го искорениме? Кој е одговорен, а кој треба да одговара? Дваесет истакнати и прекрасни индивидуи, сите посебни на свој начин, дадоа одговори на овие и други прашања. Тие ја споделија својата порака против говорот на омраза, под заедничкото мото дека „Oмразата е слабост“.
Ова стои во кампањата против говорот на омраза, наменета да освестува и поттикнува активна борба, а која ја иницира Хелсиншкиот комитет за човекови права.
„Заземете ваш став, бидејќи молчењето не ги искоренува разорните појави во општеството“, се вели во соопштението за кампањата.
Инаку, денеска мотото „Омразата е слабост“ е во преден план и на осмиот Марш на толеранцијата, кој започна од 12 часот пред Музејот на Град Скопје.
Насер Харуни и Мила Царовска
Сашо Додовски и Савка Тодоровска
Љатифе Шиковска и Сефер Цаноски
Отец Пимен и Мерсиха Смаиловиќ
Катерина Ивановска и Љуми Бекири
Бранимир Јовановиќ и Милка Смилевска
Несрин Таир и Никола Димитров
Амернис Нокшиќи Јовановска и Борјан Јовановски
Искра Гешовска и Гоце Саф
Дарко Лешоски и Стојанче Ангелов