„Јас ќе зборам за сожалувањето, бидејќи стварно почесто се користи кај лицата со посебни потреби. Важно е да се знае за сожалувањето, дека овие лица не сакаат сожалување туку сакаат да им подадеш рака, за да станат и да бидат рамо до рамо до сите, еднакви да бидат со сите и да се чувствуваат како единка“, коментира студентот Александар Матовски – Цако во новиот влог на РесПублика.